Системот за снабдување со електрична енергија и природен гас во САД е постојана цел на сајбер напади и тестови од кинески хакери. Некаде во Кина, хакер се логира со своето корисничко име „ghost“ и лозинка „hijack“ и започнува со напади на комуналните услуги во Северниот дел на САД, вели Bloomberg.
Напади се почесто се рутински, и не се прави никаква штета, туку само се разгледуваат системите и деталите. Хакерот ги прегледува шемите за поставените цевки, времето за патроли на чуварите, разгледува како се доставува природниот гас, и засега единствена цел на овие „екскурзии“ е да се пронајдат слабите точки во системот кои би можеле да се искористат во случај на сајбер војна. Се чини дека нападите се секојдневна работа на хакерот со псевдоним „UglyGorilla“, кој е постојано набљудуван од американското Федерално истражно биро (FBI). Бирото веќе испрати потерница во Ванг Донг од Кинеската армија, за кого се сомневаат дека е UglyGorilla.
Извори на Bloomberg тврдат дека нападите како на UglyGorilla се случуваат често, најчесто по задолженија на кинеската мистериозна Единица 61398. Изгледа дека нападите на единицата се користат за крирање на дигитална мапа на електричниот систем на САД, одбележувајќи ја секоја електрана и разводна постројка во енергетскиот систем. Истото се однесува и на системот за природен гас, а основна цел на нападите се SCADA системите кои се користат за надгледување и управување со вентилите и со нивна злоупотреба може да се зголени притисокот над дозволената граница, или целосно гасење на електрани. „Тие вежбаат“, вели пензионираниот генерал Кит Александер.
Кинеската Единица 61398 во своите вежби разработува сценарија во кои го прекинуваат водоводот во лажни локации во Европа и Азија. Извори на Bloomberg велат дека Пентагон ставил вето на користење на слични мерки кои би се користеле како одговор на вакви напади. Овие системи за снабдување се идеални цели при сајбер напади, бидејќи со напади и затворање на клучни точки би можеле да бидат погодени колеми подрачја кои би можеле да останат без електрична енергија, природен гас, па дури и вода.