Expedia, eдна од најголемите светски онлајн трговски агенции, ќе прифаќа плаќање преку биткоини. Но, засега со дигиталната валута ќе може да се букираат само хотели, и тестирањето со кое ќе се види дали се исплати вакото плаќање ќе се прави само со американската верзија на сајтот. И други туристички агенции го прифатија алтернативното плаќање, како Travel Keys и CheapAir, сепак Expedia е првиот поголем туристички брендкој ги прифати крипто-монетите.
Expedia вели дека биткоините ќе им дадат поголем избор за плаќање на корисниците и нивните партнери, преку безбеден и едноставен протокол. Корисниците ќе можат само да изберат дека сакаат да платат во биткоини, и потоа по неколку чекори ќе можат да ја извршат трансакцијата. Expedia исто така ги поздрави и своите партнери кои биле отворени за идејата и лесно ја прифатиле дигиталната валута.
Но, поради непредвидливата вредност на биткоините, која се менува постојано, Еxpedia нема да ги чува крипто-монетите, туку ќе ги конвертира во долари веднаш штом биде извршена трансакцијата, изјави туристичката агенција за Wall Street Journal. Ако еден биткоин пред неколку месеци вредеше нешто над 1.000 долари, денес вредноста му е падната на 597 долари за еден биткоини. Но, оваа вредност е огромна споредено со пред две години, кога биткоините се продаваа за само неколку долари.
[youtube]XhFjfVQK3G8[/youtube]