0 коментари 2 мин. читање 4 октомври, 2019

Учете Python со Костадин Ристовски

Костадин Ристовски барем по формалното образование веројатно не е некој од кој би очекувале дека ќе креира видео туторијали за програмски јазик. Сепак тој е потврда дека во денешно време на сите ни е потребно програмирање без разлика во која индустрија работиме.  Видеата се за веројатно најпопуларниот програмски јазик во моментов и можеби дискутабилно, но Python е најдобриот јазик за почетници.

Python почнав да учам како хоби, бидејќи е релативно лесен јазик за разбирање, што е одлично за почетници, но е доста моќен па затоа истиот се применува во голем број различни сфери. Иако работам во областа на финансии/сметководство, овој програмски јазик ми овозможи да автоматизирам дел од задачите кои ги имав на работните места.

Идејата е првиот курс да биде за почетници, но во идина г. Ристовски најавува отворање на  неколку различни теми наменети за понапредни корисници „Python libraries“, и тоа:

  • Matplotlib (наменета за визуализација);
  • Numpy/pandas (наменета за обработка на податоци);
  • Tweepy (поврзување на Twitter API со Python);
  • Kivy (наменета за креирање апликации);
  • Pygame (наменета за креирање на игри);
  • Scrapy/BeautifulSoup (наменета за т.н. webscraping)

Во првото видео може да се запознаеме со основните податоци за јазикот и инсталација на основните потреби за програмирање во Python. Секако првиот туторијал не може да помине без традиционалниот „Hello World“ код.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top