6 најнови и најдобри Android игри #2

Android платформата и понатаму продолжува со исфрлување огромен број игри. Ова се најновите и најдобрите игри за вашата омилена пренослива направа.

Call of Duty: Mobile, пукачка игра во прво лице, 1 октомври, 4.7 оценка

Најновата игра на Activision e преполна со најразлични содржини и ви дозволува да ги одиграте омилените режими на препознатливи мапи. На располагање имате battle royale, deathmatch, зомби модот, снајперски битки и многу повеќе.

League of Wonderland, стратегија со карти, 30 септември, 3.5 оценка

SEGA исфрли интересна игра каде се борите со ликови од познати бајки, историја и митови. Во две минутни битки, со шпил од 8 карти, ќе пробате да ги уништите кулите на непријателот. Гејмплеј кој се заснова на издвојување победа преку напади, одбрана и жртвување на вашите единици.

Dawn of the Dragons: Ascension, RPG игра со запазување ред, 30 септември, 3.9 оценка

Интересна RPG игра со комплексен борбен систем и огромен свет. Отклучувајте и надградувајте најразлични ликови и искористете ги за издвојување победа во најразлични настани, рејдови и квестови, сами или со вашите пријатели.

Lock’s Quest, акционо авантуристичка стратегија, 25 септември, 3.7 оценка

Се работи за солиден римејк на истоимениот конзолски хит. Платежната верзија ви дозволува да играте без реклами и максимално да се посветите на градење одбранбени алатки и замки, како и заеднички да се борите против навидум бесконечните бранови од непријатели.

Mario Kart Tour, акција и трки, 25 септември, 4.4 оценка

Тркајте се низ стази кои се инспирирани од вистински градови со најразлични ликови од универзумот на еден од најхаризматичните водоинсталатери. Mario Kart Tour е едноставен за играње, но тежок за совладување. Во борбата да станете најдобар, собирајте најразлични возачи, возила, значки, и многу повеќе.

Witch Weapon, RPG, виртуелна приказна, 23 септември 4.2 оценка

А, за сите оние кои сакаат да се втурнат во комплексна sci-fi приказна каде светот е уништен поради опасна супстанца, Witch Weapon е игра која ја препорачуваме од срце. Пробајте да се заљубите во една, или сите, вештерки преку читање над 300 000 зборови и бидете препознаени од светот како нивниот спасител така што ќе соберете тим од моќни воини.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments