Во последното видео наменето за комплетни почетници во програмскиот јазик Python, фокусот е на таканаречени dictionaries („речници”). Во стандардниот речник, има 2 дела, збор кој се објаснува и самото објаснување. Во случајот со програмирање, првиот дел е наречен key („клуч”), додека вториот дел е value („вредност”).
Во ова видео може да научите што се dictionaries, како се креираат и како истите да се користат. Еден пример е креирање на бројач на поени на играта Scrabble во која секоја буква од составениот збор носи одреден број поени.
Напомена – текстот го напиша Костадин Ристовски, тој е автор и на туторијалите