0 коментари 2 мин. читање 12 декември, 2019

Прв лет на потполно електричен авион

Поправка
Ова сепак не е прв успешен лет на електрично летало. Станува збор за прв успешен комерцијален лет на авион на електричен погон.
Му благодариме на Тодор Петровски за корекцијата.


Авион со единствено електричен погон за прв пат имаше успешен комнерцијален лет. Авионот заедно со шест патници полета од Ванкувер. Станува збор за електричното летало кое може да полетува и слетува на вода.

Тест летот го организираа Harbour Air Seaplanes кои во авионот инсталираа и електричен мотор на magniX. Доколку и следните тестови бидат успешни, замената на гориво со електрична енергија може да го намали загадувањето, во сектор кој многу загадува, вели BBC.

„Овој историски лет го означува почетокот на третата ера во воздухопловството – електрична ера“, велат Harbour Air и magniX.

Авионот со кој е направен првиот лет е „DHC-2 de Havilland Beaver“, но моторот му е заменет со електричен. Летот траеше 3 минути, растојанието кое го поминаа истиот во претходниот тест е помеѓу 60 и 90 метри. Првиот електричен лет го следеше „публика“ од 120 и неколку медиуми.

Во иднина ако овие летови се покажат економски исплатливи би можеле да го променат начинот на кој луѓето патуваат на куси и средни дестинации. Сепак за целосна реализација на овој проект се потребни барем уште две години.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top