Има ситуации во кои би сакале одреден код да се изврши повеќе пати. Секако, ова може да се реши со пишување на кодот повеќе пати. Но, ова не е најдоброто решение поради две причини:
- Пишување на ист код одзeма време, но и самиот код е подолг и помалку прегледен
- Доколку во иднина би сакале да го промениме кодот, истата промена треба да се аплицира на повеќе места
Затоа, постојат таканаречени loops (кругови), кои ја повторуваат поставената задача онолку пати колку што ќе биде зададено од наша страна.
Доколку имаме одредена листа со елементи, може да извршиме одредена задача за секој елемент во листата (for loop), или може да предефинираме колку пати истата задача да биде извршена како и истата да се повторува се додека одреден критериум е задоволен (while loop).
Во ова 7-минутно видео, може да научите што се “for loops” и “while loops” и како истите да ги користите во Python.
Видеото, кое е 6-то во бесплатниот курс за учење на програмскиот јазик Python наменет за почетници и содржи примери преку кои полесно би ја совладале оваа материја.
Напомена – текстот го напиша Костадин Ристовски автор на туторијалите