Корисниците на Facebook апликацијата за iOS забележуваат дека апликацијата има пристап до задната камерата. Задната камера се активира штом корисникот ја вклучи апликацијата. Компанијата веќе одговори дека станува збор за пропуст и веќе работат на решавање на проблемот и нова верзија на апликацијата.
Пропустот се активира единствено ако корисникот и дозволил на Facebook апликацијата пристап до камерата. Ова за среќа овозможува и брзо и едноставно надминување на пропустот. Единствено корисниците може да ја прекинат дозволата за користење на апликацијата за Facebook, или да не ја користат апликацијата воопшто.
Found a @facebook #security & #privacy issue. When the app is open it actively uses the camera. I found a bug in the app that lets you see the camera open behind your feed. Note that I had the camera pointed at the carpet. pic.twitter.com/B8b9oE1nbl
— Joshua Maddux (@JoshuaMaddux) November 10, 2019
Пропустот во апликацијата се активира секогаш кога корисникот ќе притисне врз слика. Пропустот го откри и на Twitter го сподели Џошуа Медокс. Во видеото се гледа дека камерата се вклучува и регистрира што се случува во реално време. Пропустот се активира на iOS 13.2.2, но не и на постариот iOS 12 оперативен систем.
Добра вест е дека засега нема податок дека слики и видео се качени онлајн поради овој пропуст. Но ова секако не помага на зголемување на довербата во друштвената мрежа која и онака не е на потребно ниво за некој кој оперира со податоци на корисниците.