0 коментари 2 мин. читање 30 мај, 2022

Учете јазици со Influent

Учењето јазици е исклучително корисна работа, но таквото нешто знае да биде предизвик за повеќето. Токму поради тоа, со помош на технологијата и преку инвентивни и модерни пристапи, полесно може да се впие нов јазик.

Influent е една таква апликација која е, всушност, во форма на игра. Имено, јазикот го учите така што се движите во тродимензионална околина и допирате најразлични предмети за да ги откриете зборовите за нив во одреден даден јазик. Па така, точно можете да видите како се пишува некој збор, но и да чуете како се изговара истиот.

Screenshot image 2

Influent веќе подолго време е достапен на Steam, но, сега и за Android, односно iOS. Иако на iOS има солидна оценка, на Android е малку поразлична работата. Како една од главните причини за тоа е имање многу мал број бесплатни јазици, попрецизно, има само три: француски, италијански и корејски. За сите останати јазици потребно е да платите, што на поголемиот дел од корисници не им се допаѓа.

Screenshot image 3

Influent ние ја препорачуваме само доколку сакате да ги отпочнете чекорите за учење или проширување вокабулар. За се останато, како формирање и правилна употреба на зборовите во реченици, потребна ви е друга, посодржителна апликација.

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
To top
{title}