0 коментари 1 мин. читање

Ubuntu ќе се бори против Android и iOS

Според ZDNet, Canonical, компанијата одговорна за Ubuntu, на конференцијата Ubuntu Developer Summit ќе најави дека овој оперативен систем ќе ги следи стапките на Android и iOS, и ви иднина ќе биде достапен за таблет компјутери, паметни телефони, и паметни телевизори.

Главниот човек на Canonical, Марк Шатлворд, во интервју за ZDNet изјави дека корисниците на компјутери користат сè повеќе уреди, и полека се дистанцираат од десктоп компјутерите. Canonical сака да им овозможи на сите Ubuntu корисници, оперативниот систем да можат да го користат на било кој уред. Компанијата прво ќе се сконцетрира на креирањето на Ubuntu 12.04, и да го подобри корисничкиот интерфејс Unity. Ова значи дека оперативниот систем Ubuntu нема да мобилен во брзо време.

Според Марк Шатлворд, конференцијата Ubuntu Development Summit има за цел да создаде ентузијазам помеѓу девелоперите, кои би биле најодговорни за развивање на платформата како и апликациите за неа.

Canonical ќе има навистина голема конкуренција во Android и iOS, мобилни оперативни системи кои веќе се глобално раширени и прифатени. Конкуренција исто така ќе претставува и новиот оперативен систем на Microsoft, Windows 8, кој покрај пазарот на десктоп компјутери, цели и кон пазарот на мобилни уреди.

Напишано од

Мартин Јочвески е дипломиран филолог, основач на музичкиот веб сајт, Bass Infusion, како и радио водител на Канал 103 и Студент ФМ. Покрај љубовта кон музиката, Мартин има огромен интерес за најновите остварувања во информатичката технологија и мобилната телефонија.

Мени
Заедница
Изглед
To top