1 коментар 2 мин. читање 31 октомври, 2011

Anonymous се заканува на мексикански нарко-картел

Хакерската група Anonymous се закани дека ќе открие идентитети на членови и подржувачи на мексиканскиот нарко-картел, како знак на одмазда за киднапирање на член од групата. Хакерската група веќе има хакнато веб сајт на поранешен член на мексиканската влада, обвинувајќи го за поврзаност со озогласениот нарко-картел Зета.

Член на Anonymous, во видео обратено до нарко-картелот, бара да се ослободи член на хакерската група кој бил киднапиран од страна на Зета за време на протест. Во видеото стои дека луѓето од нарко-картелот направиле голема грешка што одлучиле да киднапираат член на Anonymous, и доколку не го ослободат, хакерската група ќе објави фотографии и идентитети на полициски началници, новинари, таксисти, и полицајци кои соработуваат со нарко-картелот.

Според Stratfor, организација која анализира глобална политика, економија, како и воени трендови и развои, во својата анализа изјавува дека доколку Anonymous открие соработници на Зета, тие би можеле да станат мета на други нарко-картели. Во нивната анализа на видеото исто така стои и дека Зета би можеле да започнат да напаѓаат хакери кои не се поврзани со Anonymous.

Нарко-картелот Зета е еден од најозогласените во Мексико, и до сега има егзекутирано голем број на луѓе кои ги имаат критикувано на блогови и на друштвени мрежи.

Напишано од

Мартин Јовчески

Мартин Јочвески е дипломиран филолог, основач на музичкиот веб сајт, Bass Infusion, како и радио водител на Канал 103 и Студент ФМ. Покрај љубовта кон музиката, Мартин има огромен интерес за најновите остварувања во информатичката технологија и мобилната телефонија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Psy
Psy
14 years ago

huh :D

Мени
Заедница
Изглед
To top