0 коментари 2 мин. читање 10 октомври, 2011

Околу 98 милијарди апликации ќе бидат преземени до 2015 година

Истражувачката компанија Berg Insight објави извештај во кој стои дека бројот на преземени мобилни апликации во 2015 година ќе достигне 98 милијарди, што значи дека пазарот за мобилни апликации расте многу побрзо од очекуваното. Предвидувањата на Berg Insight се дупло поголеми од оние на истражувачката компанија ABI, која на почетокот од оваа година излезе со извештај во кој стоеше дека бројот на преземени апликации до 2016-та ќе изнесува 44 милијарди.

Во извештајот на Berg Insight стои дека со растењето на бројот на преземени апликации ќе расте и приходот, па така во 2015 приходот од апликации ќе изнесува 8,8 милијарди евра. Минатата година приходот од продадени апликации, претплата, и платени сервиси на апликациите, изнесувал 1,6 милијарди евра. Приходот од 2011 до 2015 година ќе порасне за 40,7 отсто. Лидер во приходот од мобилни апликации е оперативниот систем на Apple, iOS, и според извештајот овoј оперативен систем ќе ја задржи својата позиција до 2015 година. Android е на второ место, додека Windows Phone е на трето.

Berg Insight исто така предвидува дека иднината на приходот од мобилни апликации лежи во сервисите кои ги нудат апликациите, како и рекламирањето во нив, отколку од нивната продажба, бидејќи поголемиот дел од апликациите се бесплатни.

Напишано од

Мартин Јовчески

Мартин Јочвески е дипломиран филолог, основач на музичкиот веб сајт, Bass Infusion, како и радио водител на Канал 103 и Студент ФМ. Покрај љубовта кон музиката, Мартин има огромен интерес за најновите остварувања во информатичката технологија и мобилната телефонија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top