0 коментари 1 мин. читање

Ubisoft е хакнат; гејмерите треба да си ги сменат лозинките

Креаторот на Assasin’s Creed и Far Cry, Ubisoft, во соопштение побара од своите играчи да си ги сменат лозинките за да се заштитат од сајбер-криминалците кои „нелегално пристапиле“ до кориснички имиња, имејл адреси и енкриптирани лозинки. Ubisoft има околу 58 милиони играчи, но не се знае точно колку профили се пробиени. Студиото негираше дека се пробиени кредитните и дебитните картички.

Првите сомнежи беа дека хакерите ја пробиле Uplay платформата за симнување на игри, бидејќи истата таа платформа имаше ранливост пред една година, а во април беше откриено дека преку неа можат да се симнуваат игри без да се плати. Сепак, француското студио негираше дека Uplay е пробиен, иако не ни откри како се случил хакот. Соопштението вели дека нивен сајт е пробиен за да се добие пристап до онлајн систем. Хакерите ги пробиле првин корисничките профили – чии мејлови може да бидат злоупотребени за спам – за да добијат пристап до „нелегален пристап до онлајн мрежата“.

Иронично, забележува Guardian, студиото заедно со експерт од Kaspersky Lab работи на нова игра Watch Dogs во која главни протагонисти се хакери.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Мени
Заедница
Изглед
To top