Доколку сте човек што сака да следи колку ви има останато од батеријата, јачина на сигналот, јачината на Wi-Fi, непрочитани пораки и испуштени повици, меморија, процесор, простор на мобилниот и SD картичката, тогаш PowerLine е минималистичкото решение за вас.
PowerLine е Android апликација која според вашиот избор ќе додаде дополнителна линија на екранот која означува колку ви е полна батеријата, колку меморија имате слободно, итн. За секој елемент можете да изберете различна боја на линијата, па така ќе немате проблем околу тоа која за што е. Самите виџети нe зафаќаат многу простор на мобилните уреди што секојдневно ги користиме. Исто така, апликацијата нуди опција да изберете кога да го прикажува индикаторот и дали да ја сокрие иконката со батерија и слично. Индикаторот може да биде позициониран на било која страна на екранот, како и опција дали да се менува бојата како се намалува батеријата или некоја друга спецификација на другите елементи.
Бесплатната верзија на PowerLine овозможува додавање на два индикатори во исто време, и можете да ја преземете од овде.