YouTube повторно ќе инвестира во видео содржина

Avatar img-thumbnail img-circle

во Веб

Видео платформата на Google, YouTube  повторно ќе инвестира околу 100 милиони долари за финансирање на најпопуларните автори на видео содржини, јавува AdAge. Овие средства ќе бидат распределени на 30-40 отсто од партнерите на YouTube.

„Нашата најголема цел беше да започнеме со екосистемот да донесеме одлични автори, да ја продлабочиме нашата соработка со компаниите кои се рекламираат и да го зголемиме бројот на гледачи.“, вели Џејми Бирн, главниот за содржина во YouTube.

Со првите 100 милиони долари компанијата го заживуваше екосистемот, па средствата ги добиваа најразлични концепти, но и славни личности, всушност се што им изгледаше интересно. Сега кога ги имаат податоците за што ги интересира корисниците многу полесно можат да ги лоцираат успешните проекти. Бидејќи најзастапени се младите корисници, анализата покажа дека нив најмногу ги интересира хумор, коли и спорт.

Популарните личности не се покажаа како успешни содржини ако не се пропратени со квалитет. Како недоволно успешни се оценети и содржини без разлика на квалитетот кои само се постирани на каналите. Како најважна состојка на успешните канали се покажа градењето на публика која ќе се враќа на каналот. Најпосетуваните 25 канали имаат повеќе од милион посети неделно, а првите 33 имаат над 100.000 претплатници.

Сумите кои ќе ги распредели Youtube ќе се движат од 1 до 5 милиони долари, а во замена за ова авторите ќе мора понудата да ја издаваат ексклузивно на YouTube. Доколку некои од продуцентите сакаат да продаваат реклами на каналот на YouTube ќе мора да ги вратат средствата. За да можат да ги вратат средствата треба да имаат најмалку 50 милиони посетители, а процената е по 20 долари за 1000 посетители.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk