Uber со Geometric Intelligence сака попаметни автомобили

во Свет, Хардвер

Image courtesy of Uber

Uber сака нивните возила да бидат попаметни отколку што се сега. Ова ќе овоможи нивната флота паметни возила во иднина да може да прави комплексни маневри, да вози по покомплексни рути, без возачи и без да претставуваат опасност во сообраќајот.

„Ќе помине многу време пред автономните автомобили да можат самостојно да ги возат рутите кои ги возат Uber автомобилите секој ден. Но одговорот на ова ќе дојде од вештачката интелигенција.“, вели Џеф Холден за New York Times.

Ова секако не е можно без вештачка интелигенција. Geometric Intelligence е стартап кој сега е дел од Uber.  Заедно со одделот за вештачка интелигенција на Otto ќе ја формираат Uber A.I. Labs, „Google Brain“ верзијата на Uber.  Најверојатно Uber и самите досега работеа на некаков модел за управување на флоти на автономни возила. Компанијата подолго време јавно зборува дека сака да креира модел со кој ќе ги замени возачите со вештачка интелигенција.

uatc-car-bridge-16x9-1834x1032

„Ако погледнете во идната ќе има сериозни промени во вештачката интелигенција кои ќе го променат бизнис моделот и ќе отворат нови можности. Ние сакаме да бидеме дел од оваа приказна.“, додава г. Холден.

Засега технологијата на стартапот од околу 15 истражувачи е мистерија дури и за нивните колеги. Можно е Uber да сака да „порасне“ повеќе од такси сервис. Сите вработени на Geometric Intelligence ќе бидат дел од Uber и се селат во Сан Франциско. Во иднинa компанија можеби покрај превозот и пренос на роба, ќе порасне и во гигант за вештачка интелигенција.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments