0 коментари 2 мин. читање 21 март, 2014

Апликација на денот: Преслушајте ги вестите со Newsbeat за iOS и Android

Newsbeat е апликација од Tribune која нуди илјадници статии од весници кои се конвертирани во аудио формат, за да ги преслушате, наместо да ги читате. Дел од вестите кои корисниците ги слушаат се прочитани од луѓе, а за дел се користи технологија за промена од текст во глас. Апликацијата најмногу наликува на радио вести, а за подобар впечаток Tribunal користи двајца „водители“ кои ги читаат вестите. Се чини дека токму радио слушателите ќе бидат најзаинтересирани за апликацијата која за разлика од обичното радио овозможува избор на теми, но и прескокнување на содржините кои не ве интересираат. Слично како и на радиостаниците, Newsbeat редовно ќе ве известива за временската прогноза во околкината и за сосотојбата во сообраќајот. Се разбира апликацијата е првенствено изработена за САД, па дел од овие функции не се достапни за нас.

Newsbeat нуди навистина огромен број на весници од кои ќе можете да ги добиете вестите: Washington Post, CNN, The Los Angeles Times, но и од локални издавачи, кои барем засега се ограничени на САД. Со оглед на тоа дека станува збор за навистина многу весници ќе биде потребно да ги одберете темите кои ве интересираат, а дополнително може да ги одберете и весниците кои ги претпочитате. Апликацијата е достапна за iOS и Android и доаѓа целосно бесплатно без претплата или дополнителни плаќања во апликацијата.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top