Twitter има таен проект – Project Lightning со кој ќе им понуди на корисниците да ги видат најдобрите твитови, без разлика дали се или не се најавени на друштвената мрежа, вели Buzzfeed. Новата верзија ќе доаѓа на повеќе платформи и ќе овозможи инстант отворање на видео и фотографии. Според информациите, Project Lightning ќе овозможи поголема организација на содржините кои доаѓаат на сервисот, моментално преплавен со твитови од најразлични извори. Дополнително ќе биде овозможена поробусна алатка за ембедирање на содржини на различни патформи (апликации) или на сајтови.
За да го овозможи ова Twitter во својата апликација ќе додаде ново копче кое ќе има централно место, а преку него ќе може да се разгледуваат содржини по категории или настани. Копчето ќе ги носи корисниците до актуелни настани на пример: финале во фудбал или доделување на Оскар, но и фокус на настани како земјотрес или големи протести.
Во моментов е рано за прогнозирање кога ќе биде најаван Project Lightning, или кога ќе дознаеме повеќе официјални информации. Но BuzzFeed пишува дека сервисот ќе биде достапен до крајот на годината, а Twitter работи на проектот од јануари. Новитетот ќе овозможи персонализирана содржина да бидат достапна пред повеќе корисници, не само на веб сајтови, туку и во самите апликации.
„Видовме во минатото дека има многу повеќе разговори околу настани“, вели Кејт Џејкобс Стантон, која ги води глобалните медиумски операции на Twitter. „Оскарите, или NBA финалето. Важни и нови вести како протестите во Фергусон, мемињата како Алекс од Target – но предизвикот со кој сме соочени со годините е, иако ја имаме најдобрата светска содржина, сепак тоа е како да имате телевизија без водич за канали или далински управувач. Немаме начин како да најдеме или да ја контекстуализираме таа содржина. Затоа Project Lightning е тој убав број кој ќе не одведе до подобра содржина и ќе ја направи покорисна“.