Грчката должничка криза и референдумот закажан за 5 јули повторно ја раздвижи вредноста на биткоин. Во моментов вредноста на крипто-валутата е околу 256 долари, односно раст од повеќе од 3 отсто во однос на минатата недела. Според Џошуа Скигала од сервисот за купување на биткоини, Vaultoro, растот се должи на тоа што во изминатите два месеци имаат 124 отсто зголемен сообраќај од грчки IP-адреси.
„Некои луѓе не чекаат владата да излезе со решение и тоа го прават самите. Луѓето се загрижени за своите фамилии“, вели г. Скигала за пренесува Reuters. „Но покрај пристапот од Грција зголемен е и пристапто од Германија, Шпанија како и од Централна Америка“.
Покрај порастот од 3 отсто, и цената од 256 долари, Тони Галипи од сервисот за менување на биткоини во пари, Bitpay, вели дека има простор за уште поголем оптимизам. Тој проценува дека евентуален излез на Грција од евро зоната ќе предизвика раст на крипто-валутата и нивната вредност помеѓу 610 и 1.250 долари, како што беше во најпопуларниот период, пренесува Guardian.
Сепак не се сите согласни дека кризата во Грција е главна причина за порастот на дигиталната валута. Fortune пишува дека не станува збор за невообичаен раст и ваков пораст неколку процентни поени се случувал и порано, дополнително размената евро-биткоин остана 6 отсто во последниот месец, што е дополнителен доказ. рција не е во топ 15-те региони каде се купуваат биткоини. Причина за овој пораст Fortune ја гледа во несигурноста, па луѓето бараат нови места за инвестирање.
„Биткоин може да биде одличен за Грција. Тоа се пари кои владата не може да ги допре. Да бев жител на Грција ќе бев преплашен. Фактот дека може да купите биткоини и да ја чеката разврската е одличен, Да го имам изборот грчки банки или биткоин, ќе го изберам биткоин во секое време“, вели Питер Кирби директор на Factom.