Тwitter победи на Super Bowl 2013

3 коментари 1 мин. читање

Рекламите од овогодинешниот Superbowl покажуваат дека во споредба со конкурентите Twitter e најприсутен во рекламите. Сервисот за микро-блогирање беше спомнат 26 пати во рекламите, Facebook 4, a Google+ помина без спомнувања. Во 52-те реклами (кои може да ги видите тука) имаше и простор за по еден коментар за Youtube и Instagram, известува Marketing Land.

Во споредба со минатата година Twitter бележи пораст од над 500 отсто или уште поимпресивно е присуството на блогот во 50 отсто од сите прикажани реклами на Superbowl XLVII. Facebook пак бележи пад од 50 отсто откако од 8 „стигна“ до 4 реклами.

Оваа статистика е во согласност со последната анализа на WebSocialIndex која покажува дека Twitter е најбрзорастечка социјална мрежа, а корисниците на Twitter пораснале за 40 отсто од вториот до четвртиот квартал во 2013. Микро блог платформата сега е присутна кај 21 отсто од сите корисници на интернет. Интересно е што Twitter повеќе се користи како медиум за добивање на информации, поточно над 51 отсо од корисниците читаат, ретвитуваат или коментираат на веќе објавени пораки/статуси.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

3 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top