Twitter LOL фишинг измама

{mosimage} На Twitter се појави измама која користи пораки како „LOL ова е смешно“ пропратен со линк кој ги води корисниците на лажен сајт што личи на Twitter барајќи од корисниците да се логираат доколку сакаат да ja видат „смешната“ слика.

Безбедносната компанија Sophos направи видео објаснувајќи како работи оваа измама. Пораките прво биле праќани како лични пораки но кои потоа се објавуваат јавно. Не е проблем доколку се отворат тие лажни страни, туку проблем е доколку ја внесете лозинката. Со тоа хакерите ќе имаат пристап до вашиот профил. Интересно украдените профили се користат за спамирање реклами за хербална виагра, вели Sophos.

Доколку вашиот профил е хакнат, Twitter објави безбедносен водич.



Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk