0 коментари 2 мин. читање 10 декември, 2012

Twitter са скара со Instagram бидејќи ќе воведе сопствени филтри за фотографија

Иако за ова веќе пишувавме пред еден месец, тогаш тоа беше само шпекулација, а сега филтрите за фотографија се веќе во фаза на тестирање од страна на развивачите кои работат во Twitter. Така, Twitter до крајот на годината би можел да се вклучи во бизнисот со фото-филтри и за почеток да претстави неколку ефекти во своите официјални апликации.

Оваа новост може да се потврди и со слика од твитовите што ги имаат објавено ко-основачот Џек Дорси и неколку вработени во Twitter, од кои се гледа дека фотографиите со филтри се испратени од официјалната апликација за Twitter за Android и iOS.

Twitter ќе овозможи поголема резолуција на фотографиите на кои ќе се применуваат овие ефекти. Димензиите на фотографиите ќе може да одат до 1024х1024 пиксели, наспроти 612х612 пиксели на Instagram.

Instagram во претходните неколку денови ја имаше оневозможено Twitter cards интеграцијата, со што имаше проблеми со прикажувањето на фотографиите прикачени од овој сервис. Денес дознаваме и официјално дека Instagram веќе нема да поддржува Twitter интеграција, односно сликите oд таа апликација нема да се прикажуваат на Twitter. Можеби крајот на соработката беше очигледен уште од моментот кога Facebook го купи Instagram.

Напишано од

Борис Кузманов

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top