1 коментар 1 мин. читање

Тwitter job hustle, со креативност до вработување

Користејќи го Twitter, двајца холандски дизајнери, Бас ван де Поел и Дан ван Дам, на креативен начин го испратија своето дизајнерско портфолио на неколку маркетинг компании и на крај беа вработени од креативна маркетинг агенција.

Тие направија 5 одделни профили со различни букви на секоја слика од профилите, а буквите заедно ги составиваат зборовите „вработете нe“ – „H.I.R.E U.S“. Откако ги пополнија профилите со нивни проекти од портфолиото, тие во точен редослед почнаа да следат повеќе профили на истакнати личности од маркетиншката област.

Користејќи го познатото правило дека во Following делот на Twitter ви се појавуваат последните 5 профили кои што ве следат, Бас и Дан успеаа да го испишат зборот HIRE US. Од повеќето личности кои ги таргетираа со оваа кампања, тие добија понуда за работа во Boondoggle Аmsterdam.

Креативноста користена од овие двајца млади дизајнери потсетува и на кампањата на Алек Броунштајн кој купи реклами на Google со имињата на познати раководители на Њујоршки маркетинг компании, за тие да налетаат на неговото протфолио кога ќе си го пребараат сопственото име.

Twitter Job Hustle from Wonder Years on Vimeo.

Напишано од

Горјан Јовановски е веб-мобилен девелопер кој од неодамна се пресели во Амстердам да ги продолжи своите студии. Активен е во македонската Mozilla заедница. Повеќе има на <a href="http://gorjan.rocks/">неговиот сајт</a>

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top