0 коментари 4 мин. читање 25 јуни, 2012

Twitter бон-тон

(Текстот е преземен од блогот на Александар Ниневски. Го реобјавуваме бидејќи е информативен за секој нов твитерџија, и може да им помогне да се вклучат во активната македонска Twitter заедница.)

Можеби многумина ќе речат дека можеби и не сум некој си „влијателен“ твитерџија за да солам памет за некаков си Тwitter бон-тон, или за тоа како треба да твитате. Сепак јас сум таков тип на човек кој брзо ги учи правилата на игра и кој што може многу информации да прочита меѓу редови.

Ова се непишаните правила кои јас ги научив на Twitter, а кои верувам многумина од вас ги знаат, а останатите можеби само ги имаат заборавено. А за тазе твитерџиите се надевам дека ова ќе биде добра почетна точка.

  • Ретвит со коментар – Знам дека е замарање рачно да го копирате текстот, па пишувате коментар и слично, меѓутоа затоа постојат Twitter клиенти кои ви даваат опција да го направите тоа (на пример: официјалната Twitter Android апликација)
  • Twitter не е чат – најнормално е да му реплицирате на некој доколку се согласувате со некое мислење или доколку не се согласувате, секогаш е добро кога се развива конструктивна дискусија. Она што не чини е „@cuci ај на кафе“ „@maci важи маци, каде?“ „@cuci на ленинова, дали @sanji сака да ни се придружи“
  • „Форсквернавење” на Twitter – нема поглупаво нешто од тоа да направиш Twitter и само да споделуваш чекирања од Foursquare. Ако сакам да знам кај си, ќе те следам на Foursquare.
  • Facebook статуси – Исто толку лошо е (а многу компании кои сакаат да се присутни на Twitter го прават тоа) автоматски да споделуваш статуси од Facebook (кои најчесто не се прикажуваат целосно). Општо познато е дека истата содржина не се споделува на ист начин на Facebook и на Twitter. или твитајте правилно или воопшто не твитајте.
  • #FollowFriday – или #FF е начин да покажете почит за твитерџиите кои ви значат и кои твитале извонредно добро изминатата недела. Мое лично мислење (а и на дел од твитерџиите) е дека повеќе значи ретвит отколку FF. Доколку сепак сакате да правите FF еве неколку работи на кои треба да посветите внимание:
  • Ако направите #FF проследено со еден куп имиња, ретко кој ќе се потруди да го прочита, освен луѓето споменати во тој твит.
  • Доколку вие се најдите во ваков твит и сакате да се заблагодарите, можете да направите reply.
  • Меѓутоа нема никаква смисла да направите #FF back со reply, затоа што тој твит ќе го прочитаат само вашите заеднички следбеници, а нели основната цел на фф е да добиете нови следбеници.
  • Подобро би било да направите #FF со најмногу 2-3 луѓе и притоа да ја наведите причината поради која сметате дека се посебни.
  • Исто така не мора да го правите ова само во петок, јас неколку пати имам правено #SF saturday or sunday follow, затоа што „#FF is too mainstream“. :P

Сигурен сум дека поискусните твитераши од мене ќе споделат уште по некој корисен совет во коментарите ;)

П.С. Задолжително да го прочитате стрипот на Oatmeal за #FF.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top