Twitter Ads сега се достапни во Македонија и земјите во регионот

0 коментари 1 мин. читање

Огласувањето на Twitter конечно е достапно и во Македонија, Србија, Хрватска и уште 9 земји од Централна и Источна Европа. Twitter на својот блог објави дека Twitter Ads сега се достапни на вкупно 35 пазари во Европа, Средниот Исток и Африка со директен тим за поддршка или преку партнерства за предпродажба на реклами.

[youtube]lwhs9-lhsc0[/youtube]

Сега ќе можете да ги користите неколкуте форми на рекламирање на Twitter, кои се достапни на business.twitter.com, како:

  • Promoted Video за полесно закачување и дистрибуирање на видео на Twitter, и да ја следите ефективноста на содржината со следење на интеракциите;
  • Да креирате специфични кампањи и цени (моментално во бета) за да може полесно огласувачите да ги оптимизираат своите кампањи, и да платат само за активностите кои се поврзани со локалните пазари;
  • пристап до Tweet Activity Dashboard со кој огласувачите ќе можат да ги анализираат своите кампањи;
  • Mobile App Promotion што помага кон зголемување на бројот на инсталации на мобилни апликации и интеракции на Twitter;
  • Таргетирање за ТВ разговори што помата на брендовите да промовираат твитови поврзани со одредено шоу.

(Tnx до Дарко Булдиоски за линкот)

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Мени
Заедница
Изглед
To top