Агенти на NSA и GCHQ анонимно им ги доставуваат откриените багови во TOR, тврди девелоперот Ендрју Лиман за BBC. Ова можеби е малку чудно со оглед на тоа дека двете агенции се обидуваат да ја пробијат анонимноста со цел да се затворат „тајните сајтови“ на Интернет. Иако не се сосем сигурни дека овие совети доаѓаат токму од овие агенции, девелоперите тврдат дека ги добиваат овие информации секој месец. Сепак и покрај претпоставките дека информациите доаѓаат од агенциите, тимот задолжен за безбедноста на Tor вели дека нема да поставува прашања за идентитетот на доставувачите на податоците.
„Има многу луѓе во двете организации кои можат анонимно да ни достават податоци. Велат ‘Можеби треба да погледнете тука, можеби треба да го погледнете ова и да го поправите’“, вели г. Лиман.
Tor е развиен од US Naval Research Laboratory и продолжува да биде финансиран од Стејт департментот. За жал и покрај тоа што беше замислен како алатка за анонимно споделување на мислење во држави каде тоа е опасно дури и по животот на дисидентите, криминалците успеaa да пронајдат можност како да го користат како за споделување на детска порнографија, како и за продавање на дрога и оружје, правејќи ја работата на полицијата многу потешка.
NSA и GCHQ барем засега одбиваат да коментираат на темата.