Тwitch ќе блокира видеа со заштитена авторска музика

Гејмерите кои стримаат видео од игрите на Twitch сега ќе мора да внимаваат на музиката која ќе ја користат. Twitch најави дека со помош на Audible Magic ќе ги скенира сите видеа за музика која е заштитена со авторски права. Штом ќе најдат видео во кое се користи заштитена музика – in-game или како амбиентална музика – аудиото на видеото ќе биде изгасено, пренесува Polygon.

Ваквото блокирање на аудио наликува на системот кој го користи YouTube за да им удоволи на гневните музички компании. Знаејќи дека Twitch од неодамна е дел од YouTube, несомнено е дека користи тактика (која функционира) за заштита на авторските права, и нивните сопственици.

Иако гејмерите се гневни на одлуката, Twitch ги убедува дека видеата нема да бидат автоматски тргнати, и препорачува да се користи музика која е заштитена со послободните Creative Commons лиценци, или да искористатаж слободна музика од Jamendo или SongFreedom. Но, одлуката може да претставува проблем за гејмерите кои имаат зачувано куп претходни видеа со заштитена музика. Дури и видеата креирани од Twitch се „мутирани“ на одредено време бидејќи во некој дел од нив има заштитена музика. Засега решението на гејмерите е да се пожалат доколку системот направи грешка, што според Twitch, има доста голема веројатност да се блокира аудио кое не е заштитено со авторски права.

Одлуката за заштитеното аудио доаѓа само два дена откако Twitch најави големи VoD (video on demand) промени. Старите видеа нема веќе да бидат чувани како цели видеа, бидејќи Twitch сака да заштеди на простор и бидејќи 84 отсто од прегледите се случуваат во 14 дена по закачување на видеото. Според Twitch нема потреба да се чуваат цели видеа, туку ќе се чуваат само hightlights, односно видеа кои се скратени.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments