За до го реши проблемот со неавторизирана музика во стримовите, Twitch објави нов сервис Music Library со кој ќе им понуди музика на гејмерите кои во своите стримови не зборуваат, туку пуштаат музика. Проблем е што има поплаки за прекршување на авторските права па видеата остануваат без звук.
Twitch Music Library за сега доаѓа со избор од 500 песни кои можат бесплатно да бидат стримувани заедно со видеото. Проектот е во соработка со музичките издавачи кои препознаа дека за дел од музичарите ова е одлична можност за поголемо експонирање.
„Издавачите ни пријдоа и ни кажаа дека сакаат соработка. Сакаме да соработуваме и да ја направиме нашата музика достапна за стримерите кои ќе помогнат со промоција на албумите. Веќе имаме повеќе работи кои сакаме да ги додадеме на ова. Некои од нив ќе бидат додавани месечно, а некои и неделно“, вели Колин Кариер од Twitch.
Новиот сервис е одлича идеја и е можно решение за проблемите со авторските права со кои се соочуваат стримерите. За овој проблем, во претходно интервју, зборуваше и Данко Димоски од GG.mk и стример, кој објасни дека музиката е еден од поголемите промблеи со кои се среќаваат стримерите.
„Очекувам да го средат и алгоритамот кој го користат за бришење на аудио материјали за кои стримерите немаат платено авторски права. Во моментов тој систем е многу лошо имплементиран, со тоа што доколку пуштиш дури и 10 секунди материјал кој не го поседуваш 30 минути од видеото ќе бидат без звук во твојата архива. Ова можеби не е толку голем проблем затоа што луѓето најчесто доаѓаат таму да гледаат играње во живо, ама тоа не го менува фактот дека може подобро да се имплементира тоа“.