Со Facebook At Work компаниите ќе добијат свои друштвени мрежи

Facebook Аt Work e нова услуга која на компаниите ќе им овозможи да креираат сопствени друштвени мрежи во рамките на Facebook. FB@Work за сега е ограничена само за дел од компаниите кои го тестираат сервисот, но ако се покажен успешен експериментот, ќе биде достапен за сите. Facebook at Work веќе има и iOS апликација која е достапна за преземање, а во изработка и Android верзија на истата која ќе биде достапна наскоро, извести TechCrunch.

Вработените во компаниите во овие персонализирани друштвени мрежи ќе можат да креираат нови профили и да ги поврзат со постоечките профили кои ги имаат на Facebook. Учесниците во овие „мини“ мрежи ќе можат да се информираат за тоа што е ново во компанијата, да учествуваат во компаниски групи, да разговараат во индивидуални и групни разговори со останатите членови на FB@Work, а слично како и на друштвената мрежа ќе можат да објавуваат приватни или јавни постови. Најголема предност на компаниските мрежи е сличноста со Facebook, а со оглед на тоа дека речиси сите имаат Facebook профили нема да биде потребен дополнителен период за прилагдување на вработените.

Сепак корисниците ќе мора да бидат внимателни што објавуваат, бидејќи администраторите на Facebook at Work ќе можат да ги видат сите постови.

„Луѓето кои го администрираат Facebook at Work имаат пристап до се што споделувате од вашиот компаниски профил, исто како што имаат пристап до компаниската пошта и останатите фајлови од работа. Па шефовите би можеле да ги шпионираат вашите пораки“, велат од Facebook.

Во моментов Facebook at Work е достапен единствено преку пријавување на сајтот на мрежата. Барем за сега не е познато како Facebook планира да монетизира новата функционалност, бидејќи најавите се дека нема да има реклами, ниту поврзување со надворешни апликации. Најголем дел од аналитичарите помеѓу кои и Wall Street Journal, се согласни дека Facebook at Work ќе доаѓа со претплата.

Тоа што е интересно е што Facebook at Work помалку наликува на враќање во минатото за друштвената мрежа, која оригинално беше замислена како можност за студентите од Харвард за споделување содржини помеѓу нив, по што се прошири на Бостон, универзитетите од Ivy League и Универзитетот Станфорд, пред да стане мрежа која ќе се прошири на целиот свет.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments