Twitch го надмина Facebook во интернет сообраќај во САД

во Веб, Свет

Сервисот за пренос на видеа и гејмплеј на игри, Twitch, е на четвртото место по интернет сообраќај во САД. Само Netflix, Google и Apple се подобри, додека зад себе ги има видео сервисот Hulu и најпопуларната друштвена мрежа Facebook. Анализата на DeepField покажува дека Twitch е заслужен за 1,8 отсто од највисоките оптоварување на интернет инфрастуктурата во САД. Иако во споредба со 32 отсто на Netflix или 22 отсто на Google, учеството на Twitch изгледа минијатурно, сепак стартапот зад себе ги остави Valve, Amazon, Facebook и Hulu. Најголем дел од сообраќајот доаѓа од турнирите кои Twitch ги организира за популарните игри како League of Legends, Starcraft 2 или DOTA 2.

„Стримингор на видео во живо доживува глобален бум. Twitch е компанијата која е на прво место уште од почетоците“, вели Питер Варман, претседателот на Newzoo.

Телевизијата има дури милион активни корисници кои го емитуваат своето играње. Во просек секој месец се гледаат 13 милијарди минути, што е околу 25.000 години секој месец и претставува уште еден јубилеј за Twitch. Порастот во сообраќајот ги примора да инвестираат во инфрастуктурата, па компанијата неодамна ги надгради своите сервери во Чикаго и Стокхолм, а на ред е надградба во Русија, Јужна Кореа и Бразил.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments