0 коментари 2 мин. читање 11 февруари, 2014

Беспилотни летала со скенер за очи ќе испорачуваат документи во Дубаи

Обединетите Арапски Емирати ќе користат беспилотни летала со скенер на окото за достава на возачки дозволи и владини документи до своите граѓани. Два прототипа на леталата се веќе претставени на владината презентација која се одржа на почетокот на неделата, јавува National. Испитувањата се подготвуваат и наскоро ќе започнат во Дубаи. Првичните тестови ќе траат шест месеци, а за една година ќе се започне се тестови низ целата територија.

„Овие летала се прилагодени за испорака на лесни пратки кои се чувствителни на доцнење, на пример лекови, документи за идентификација, важни документи и предмети со слична природа“, објаснува советникот на владат, Ноа Рафорд.

Цената на автономните летала постојано се намалува и во моментов изнесува околу 800 евра. Леталото се движи со четири мотори кои се напојуваат со батерија, а може да лета без престан 3 часа со брзина од 40 километри на час. Складот за пренос се наоѓа на горниот дел од леталото и може да се пренесуваат предмети тешки до 1,5 килограми, а заклучувањето на преградата се прави со скенирање на отпечатоците на прстите и со скенер на окото.

Сличен начин на испорака неодамна најави и Amazon, сепак се чини дека поради условите кои ќе треба да се исполнат за надминување на условите поставени од регулаторите, поблиску до реализација на проектот се ОАЕ. Неодамна тие започнаа да користат беспилотни летала како помош на пожарникарите и како помош за избегнување на инциденти при надгледувањето на спортските настани.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top