0 коментари 2 мин. читање 25 март, 2014

Креаторот на JavaScript е нов директор на Mozilla

Mozilla го постави творецот на JavaScript, Брендан Аиx, за свој нов извршен директор. Поставувањето доаѓа откако пред една година Гери Ковач поднесе оставка на истата позиција. Поставувањето на г. Аих е активно веднаш со што тој ќе ги преземе сите активности и задолженија од Џеј Саливан кој ја вршеше должноста досега. Засега не се очекуваат позначителни примени во компанијата и насоката во која ќе се движи Mozilla под лидерство на г.Аих. Дел од проектите се рализираат подолго време а ќе излезат под негово раковотство, ова пред се важи за Firefox OS и паметните телефони кои ќе чинат 25 долари кои компанијата ги најави неодамна.

„Најпрво би сакал да му се заблагодарам на Џеј Саливан за неговиот придонес на Mozilla и Интернет. Тој беше движечка сила во Mozilla без чие лидерство, пред се последнава година успехот ќе беше незамислив, поточно за Firefox OS. Благодарам Џеј! Почестен сум што ќе ја имам улогота на лидер во Мozilla, додека со нетрпени го очекуваме остварувањето на нашите постави цели…“, вели г. Аих.

Брендан Аих од 1995 година работеше во Netscape каде и го создаде популарниот JavaScript, тогаш наречен Mocha. Тој е еден е од основачите на Mozilla фондацијата, а во Netscape остана до самиот крај во 2007 година. Од 2005 година е CTO (Chief technology officer) во Mozilla Corporation.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top