1 коментар 1 мин. читање

Google Now картичките сега ќе се прикажуваат и на Chrome за Windows и Mac

Google Now конечно пристигна на Chrome. Првите корисници набрзо ќе ја добијат верзијата на Google Now, а се очекува конечно да биде достапна за сите по неколку недели. Засега повеќе станува збор за синхронизација на паметните телефони, но корисниците ќе ги добијат и нотификациите во картички.

Користењето на Google Now е навистина едноставно, најпрво корисникот се логира во Chrome со истиот профил кој го користи за Google Now за Аndroid и iOS (се уште не достапно во Македонија), а можно е да треба да се вклучи и функцијата која дозволува Chrome да ја следи локацијата. Исклучувањето е подеднакво едноставно, корисниците најпрво треба да го одберат ѕвончето во долниот десен агол за да го отворат центарот за нотификации, потоа на запчаникот и конечо да ја отштиклираат функцијата која го активира Google Now.

Засега Google Now за Chrome е едноставно додаток за верзијата на телефоните, но не би било изненадување доколку наскоро компанијата излезе со поголема апликација за Chrome.

[youtube]pPqliPzHYyc[/youtube]

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top