0 коментари 2 мин. читање 30 јули, 2012

Tвитерџиите и прават проблеми на Олимпијадата

Организаторите на Олимпијадата ги обвинија гледачите покрај патеките дека предизвикуваат проблеми поради прекумерното користење на Twitter, пишува Reuters. Според организаторите, твитерџиите ја преоптоваруваат телекомуникациската инфраструктура, па заради тоа телевизиските гледачи не можеле да дознаат кој на кое место завршил на велосипедиската трка. Затоа, организаторите побараа од посетителите да ги избегнат сите текст пораки, но и пораки кон друштвените мрежи кои не се итни.

Официјалниот телекомуникациски застапник Британскиот телеком, Vodafone и O2 објаснуват дека нема проблеми со мрежата, а и капацитетот на мрежата е четири пати поголем од игрите во Пекинг.

Проблемот први го спомнаа BBC кои се пожалија на недостиг од информации во текот на трката, па нивните коментатори морале да импровизираат во коментарите. За време на велосипедската трка коментаторот на BBC, Крис Бордман го користеше својот рачен часовник за да ја опедели предноста на натпреварувачите. Инаку BBC им дозволува на посетителите да ги следат сите резултати и настани преку мобилен телефон.

Со оглед на тоа дека настаните на отворено во живо ги следат повеќе од милион посетители, разбирлива е преоптовареноста на телекомуникациската мрежа. Сепак ако организаторите сакаат овие игри да бидат „first social media games“, а како такви ги рекламираат,  мора да го поправат покривањето со мрежата. Уште повеќе најголем дел од рекламите и ги повикува гледачите да ги проследат игрите преку телефони или таблет компјутери.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top