Google реши да го искористи отварањето на Олимписките игри, за да претстави подобрување на воздушните и сателитските слики за Google Maps и Google Earth, во кои е вклучен и олимпискиот парк во Лондон.
На официјалниот Google Lat Long блог, Бернард Стејнерт, објави дека се обновени снимките на 45 градови и 75 држави и региони ширум светот. Објавени се и слики од под 45 степени агол од 28 светски градови. За жал, Македонија сè уште не се наоѓа во таа листа на која се наоѓаат неколку од балканските земји.
Исто така, од Google неколку денови претходно го објавија и 3Дпрегледот за iOS апликацијата која се користи на iPad и iPhone. Со ова, од Google зададоа силен удар кон Apple и нивниот сервис за мапи кој го претставија во текот на минатиот месец.