Samsung продолжува да доминира, објави рекордни приходи

0 коментари 1 мин. читање

Samsung повторно докажува дека е лидер во индустријата за паметни телефони. За вториот квартал тие објавија рекордна заработка од 5,9 милијарди долари, јавуваReuters. Заработката е и 79 проценти поголема од ланската за овој период.

Според истражувачите IDC, Samsung продал 50,2 милиони паметни телефони во период оо април до јуни. Ова е речиси двојно поголема продажба од 26 милиони iPhone на Apple. Изгледа застрашувачки, но според експертите Samsung Galaxy S3, сè уште не го достигнал врвот на продажбата. Очекувањата се продажбата на телефонот да продолжи да расте се до октомври кога е најавена промоцијата на новиот iPhone.

Покрај паметните телефони, Samsung е еден од лидерите и на пазарот за телевизори, чипови и екрани.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top