{mosimage}Брачен пар од Питсбург, САД поднесе тужба против гигантот Google тврдејќи дека преку објавување на снимки од нивната куќа во Google Earth и Street View апликациите, компанијата им ја има нарушено нивната приватност. Тужбата беше поднесена во среда, а брачниот пар Боринг изјави дека и повеќе од јасно е дека им се нарушени правата.
Тужбата се основа на тоа што брачниот пар Арон и Кристин до својата куќа имаат пат кој е во приватна сопственост и на кој јасно се истакнати знаците дека патот е приватен. При снимањето на погледот на улиците за Street View (апликација на Google која ви овозможува да прегледувате градови и улици од нормална перспектива како да сте на лице место) и покрај истакнатите знаци сепак ги снимиле улицата и куќата на парот Боринг.
Во тужбата исто така се вели дека со истакнување на вакви информации нивниот имот и куќа губат од вредноста (проценета на околу 160,000 US долари) а Арон и Кристин доживуваат психички стрес.
Според тужбата од Google се очекува да плати 25,000 US долари на брачниот пар и да ги избрише сликите од апликациите.
Сајтот TheSmokingGun.com кој прв ја објави оваа вест иронично истакнува дека со поднесување на тужба која за кратко време стекна светска популарност самиот пар уште позначајно си ја нарушува својата приватност со истакнување на нивната домашна адреса. Истовремено додека кружи информацијата за оваа вест низ интернет сликите од куќата се објавуваат на многу сајтови, па така дури и да бидат избришани од страна на Google сепак ќе останат присутни на интернет.
Тужбата може да биде прегледана тука, додека слики од куќата на следниот линк.






