Apple Development Center беше цел на хакерски напад преку кој се украдени имињата, поштенските и имејл адресите на програмерите, објави Apple. Компанијата од Купертино е позната по својата отпорност на напади, но овој пат пробивањето доаѓа во незгодно време, само неколку месеци пред излегувањето на iOS 7 во период кога најголем дел од развивачите ги тестираат своите апликации.
Турски безбедносен истражувач, Ибрахим Балиќ, ја презеде одговорноста за нападот, велејќи дека неговата цел е да демонстрира дека системите на Apple имаат дупки. Истражувачот вели за Guardian дека ги пријавил сите грешки и пропусти. Тој објави видео на YouTube кое го именува „јас не сум хакер, јас сум истражувач“.
[youtube]q000_EOWy80[/youtube]
„За да спречиме ваква безбедносна закана да се повтори во иднина, целосно го реконструираме делот за развивачи. Го надградуваме софтверот на нашиот сервер и ја обновуваме нашата база на податоци.“, соопшти Apple.
Поради нападот сервисот за развивачи беше затворен неколку дена, но сега реконструкцијата е завршена и Центарот за развивачи за iOS е повторно отворен и достапен за дизајнерите на софтвер за iPhone, iPad и Mac.







