3 коментари 1 мин. читање

Турската амбасада поднесе кривична пријава за навреда на друштвените мрежи

Амбасадата на Турција во Македонија поднесе тужба поради искажана навреда на друштвени мрежи. Тужбата е за лицето со иницијали Е. А. кое има двојно државјанство: на Република Македонија и на Република Турција.

Тужбата е за користење на иронични, навредливи и несоодветни зборови, пренесува Anadolu Agency. Со ова обвинетиот преку својот профил на друштвена мрежа наштетил на угледот на Република Турција и на претседателот Ердоган, се вели во обвинението. Засега нема повеќе податоци за статусите на друштвените мрежи за кои се обвинува македонскиот државјанин.

„Почитувани обвинители на пријателската и братска држава Македонија. Како и во сопствената земја, нашата држава поднесе кривична пријава против лицa кои преку социјалните мрежи ги навредуваат турските раководители.“ – вели Тулин Еркал Кара, амбасадорка на Република Турција во Македонија.

Македонија нема изградена пракса за казнување за статуси на друштвени мрежи, иако уште во 2012 Основниот суд во Велес изрече казна за навреда. На почетокот на оваа година судот ја казни Јасминка Ангелова за навреда. Сепак набрзо откако се покажа дека станува збор за статус на друштвена мрежа ја укинаа казната.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

3 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top