Во зависност од тоа каков хард диск и какви програми имате инсталирано, оперативниот систем се покренува и доаѓа до состојба за оптимална работа за различни временски интервали. Она што обично се препорачува за инстантно покренување е SSD диск, но доколку не сте финансиски спремни за такво нешто или пак имате друга причина заради која сѐ уште користите обичен хард диск, пробајте да го забрзате компјутерот со некој од бесплатните алатки во продолжение.
Системска конфигурација на услугите
Кликнете на копчето Start (долен, лев агол) и во пребарувачката област (run, за постари оперативни системи) напишете msconfig. Во новоотворениот прозорец, насловен како System Configuration, изберете го јазичето Services и штиклирајте ја опцијата Hide all Microsoft services за да се освежи листата и ви ги прикаже работите кои не се критични за функционирањето на оперативниот систем, а сепак одземат ресурси и го забавуваат покренувањето на компјутерот.
Отштиклирајте ги непотребните работи или одете преку копчето Disable all за целокупно исклучување на апликациите од листата. Со рестартирање на компјутерот, сите промени автоматски се прифаќаат и би требало да се забрза покренувањето, но и понатамошната работа преку вашиот компјутер. Сметате дека ваквото чепкање не е за вас? Побарајте утеха во програм кој специјализира за таквото нешто.
Autoruns
Во случај да барате визуелно поисполнително решение кое не се ограничува во испорачување подетални информации за самопокренувачките апликации, ви препорачуваме да го инсталирате и Autoruns.
Малата програма е доволно моќна да ги препознае непотребните апликации кои си земале за право да се вдомат во вашиот систем. За разлика од горе-прикажаната процедура, поплашливите корисници имаат олеснети можности за детално информирање за природата на секоја програма и полесно можат да донесат едуцирано мислење за тоа дали апликацијата треба да се деактивира или не.
Malwarebytes StartUpLITE
Malware е дигитална штеточина која, меѓу другото, има за цел да собира чувствителни податоци и, со самото тоа, не само што ја загрозува вашата безбедност туку и додатно ја забавува работата преку вашиот компјутер. Malwarebytes StartUpLITE е мала, пренослива апликација која се труди да го пронајде, детектира и отстрани таквиот malware без да бара од вас да имате какви било познавања или пак да вршите додатни истражувања. Ако програмот најде малициозен код од ваков карактер, едноставно ве информира и нуди можности за брзо отстранување.
Секако, пробајте да го освежите компјутерот и со помош на Synei System Utilities 4 или со надалеку познатите Revo Uninstaller и CCleaner. Во случај да сакате да ѕирнете во внатрешноста на вашето PC, обратете се на HARDiNFO 8 Free.
[…] Дали би сакале да знаете на кој друг начин да го забрзате стартувањето на вашиот комјутер? Кликнете тука! […]