1 коментар 2 мин. читање 30 мај, 2019

Тура низ фабриката на Rimac

Во 2011 година Мате Римац излезе од својата гаража и со тројца вработени започна да работи на својот електричен автомобил во првиот погон. Со ова започна патот во креирање на еден од најлуксузните и најдобри електрични автомобили. Денес тој е најбогатиот човек во Хрватска, а во Rimac Motors работат над 550 вработени.

Во 2011 година започнаа да работат на Concept 1, првиот електричен  супер-автомобил. Во 2012 година со десетина вработени се преселија на денешната локација. Сега веќе без сомневање Rimac се регионален, но и европски гигант.

Concept 2 е новото возила од компанијата, но сега сѐ веќе изгледа дека компанијата се префрла на производство на батерии за различни производители. Hyundai, Porsche, Aston Martin, Koenigsegg се дел од партнерите кои соработуваат со оваа хрватска компанија.

„Велат дека сè целосно се менува кога ќе се удвоите. Ние секоја година растеме двојно“, вели г. Римац.

Сепак овој раст за Rimac значи дека компанијата ќе мора  да го напушти сегашниот простор. Ова е еден од главните мотиви поради кои се издадени неколку видеа кои ќе бидат своевиден дигитален потсетник на сегашната состојба на компанијата.

Предвидено е да има 4 видеа во овој серијал а ние секако ќе ги пренесеме и останатите епизоди во кои Мате нѐ води на разгледување на погонот на Rimac.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
To top
{title}