Наспроти општото мислење, ерата на подкастите и понатаму трае. Секојдневно се снимаат бројни квалитетни подкасти кои значително ги олеснуваат нашите секојдневни активности, особено при пешачење или возење во автобус. Поодамна, зборувавме за фиктивни аудио подкасти кои го заслужуваат вашето внимание, но овојпат би сакале да го насочиме вниманието на една апликација за подкасти.
Laughable, како што името посочува, е апликација за преземање и преслушување подкасти од областа на комедијата. До пред некое време, Laughable постоеше само за iOS корисниците, но сега нуди на располагање и Android апликација. Преку неа, можете да ги откриете и да следите најразлични комичари, да добивате најразлични препораки и пристап до информативни страни.
Најновата верзија на Laughable се одликува со значително подобрени перформанси, како и промени во начинот на навигирање. Доколку сте фан на исклучително смешни подкасти, не би требало многу да се мислите за тоа дали да ја преземете Laughable, на iOS, или Android.
А, во случај отсекoгаш да сте сакале вие да правите професионални подкасти, тогаш дефинитивно проверете ги потенцијалите на Anchor. Anchor е феноменална апликација за остварување на вашите аспирации за снимање, продуцирање и објавување подкаст кој звучи крајно професионално.