0 коментари 1 мин. читање 15 јануари, 2014

Tumblr сега дозволува да ги @спомнете другите блогери во пост

Платформата за блогирање Tumblr усвои една од функционалностите кои со години наназад се достапни на најпопуларнитe друштвени мрежи. Сега во секој пост на Tumblr ќе може да споменете корисник користејќи го @ симболот за да линкате до неговиот профил. Бидејќи Tumblr е платформа каде се реблогираат најинтересните постови, ваквото @споменување ќе им користи на сите за да ги испромовираат и најинтересните блогери. Сите споменувања ќе се појават во корисничкиот Activity Page како нотификација.

Тоа што е интересно е прашањето зошто на Tumblr му требаше толку време да прифати опција која на Twitter, Facebook, Instagram, и дури LinkedIn, е веќе задолжителна за комуникација и промоција на профилите. Можеби одговорот e дека Yahoo, од неодамна сопственик на Тubmlr, предводен од Мариса Маер, има за цел да ги направи сите свои сервиси да бидат модерни, кул и привлечни за помладата публика.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top