0 коментари 1 мин. читање

Започна тестирањето на Интернетот на роботите, RoboEarth

Интернетот за роботите конечно ќе добие и своја презентација во Универзитетот Ајндховен, јавува BBC. RoboEarth е проект кој ќе им помогне на роботите да се снајдат во ситуациите со кои првпат се снаоѓаат, а својот прв тест роботите ќе го имаат во импровизирана болница; едниот од роботите ќе треба да им ја испраќа мапата од спратот, а преостанатите роботи ќе треба да извршуваат едноставни задачи како носење на пијалоци до пациентите.

Проектот е дело на научници од пет европски универзитети и развоjниот тим на Philips. На крај на развојот RoboEarth роботите и луѓето треба да можат да поставуваат податоци во базата, а роботот ќе го „симнува“ овие податоци кога ќе бидат потребни. Конечната цел на тестот е проверка на системот на облакот за компјутери преку кој роботите ќе учат и ќе знаат да се снајдат во ситуации во кои не биле претходно. Доколку текстовите се успешни облакот ќе овозможи намалување на потребната пресметковна моќ која треба да биде инсталирана во роботот, а ова ќе ја намали цената на роботите во иднина.

„Во својата суштина RoboЕarth е Интернет за работи – џиновска мрежа и база на податоци каде роботите ќе можат да споделуваат податоци и да учат едни од други“, вели лидерот на проектот, Рене Ван Де Моленграфт.

[youtube]4-ir1ieqKyc[/youtube]

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top