Платформата за кратко блогирање Tumblr надмина 120 милиони корисници и неверојатни 15 милијарди прегледи на страната секој месец. Платформата има над 42 милион блогови и над 16 милијарди постови.
Основачот и директор, Дејвид Карп ги откри бројките на конференцијата Digital Life Design (DLD). Тој вели дека просечниот Tumblr блог се споделува околу девет пати, што помага да се донесе содржината до повеќе корисници преку RSS фидот, Тwitter, Facebook и другите друштвени мрежи.
Според г. Карп, Tumblr ќе започне да експериментира со бизнис модели за како да ги зголеми приходите. Сега тие можат да вметнат реклами од Google на блоговите, но најверојатно ќе користат бизнис модел кој ќе „има бенефит за компанијата“. Моментално, еден начин е продавањето на уникатни и персонализирани теми кои чинат од 10 до 50 долари и кои се симнувани илјадници пати.
Најголем број од вкупните 560 милиони посетители на Tumblr доаѓаат од САД, дури 45 отсто или 249 милиони, а потоа следи Бразил со околу 49 милиони посети, и Обидинетото кралство со 34 милиони посети.