0 коментари 2 мин. читање 20 август, 2014

Tumblr ќе скенира фотографии за да ги пронајде тие што се поврзани со брендовите

Tumblr во соработка со Ditto Labs ќе ги скенира сите фотографии на блог постовите со цел да ги пронајде брендови на нив. Целата анализа е оставена на Ditto Labs, a Tumblr, иако ќе ги „достави“ фотографиите до компанијата, нема да учествува во анализата.

Покрај тоа што целта е пронаоѓање на брендови на фотографиите, барем засега компаниите нема да им презентираат реклами на корисниците, јави Mashable. Наместо ова податоците ќе одат кај заинтересираните брендови, кои ќе можат да видат како се дискутира за нив на друштвените мрежи, пред се Tumblr, иако и останатите се заинтересирани за анализирање на фотографии кои се споделени на нив и без сомневање ќе се обидат барем да ја ископираат идејата.

На блог платформата, која од минатата година за 1,1 милијарди долари е во сопственост на Yahoo, дневно се споделуваат над 130 милиони слики, а од Ditto Labs тврдат дека тие ја имаат единствената технологија која може да анализира фотографии на ниво на друштвена мрежа. Pinterest, Facebook и Google работат на анализирање на фотографиите, иако барем засега се чини дека се со поинаква замисла од Tumblr.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top