Апликација на денот: Google Photo Sphere Camera сега е достапна и за iOS

0 коментари 1 мин. читање

Апликацијата за камерата која до неодамна им беше достапна единствено на Android корисниците Photo Sphere Camera, Google сега ја објави и за iOS. Апликацијата не само што овозможува фотографирања на 360о-фотографии туку корисниците можат веднаш овие фотографии да ги објават на Google Maps или да ги споделат со пријателите. Првичната цел на оваа камера е да ја ангажира заедницата да помогне околу Google Maps со објавување на панорамски фотографии од разните делови на светот. Photo Sphere Camera е компатибилна со iPhone 4S, iPhone 5 и iPhone 5S и овозможува креирање на прекрасни фотографии со кои секојпат ќе може да се потсетите на локациите кои сте ги посетиле на малку поинаков начин одошто сте навикнати.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top