0 коментари 2 мин. читање 27 септември, 2018

Целосна организација на вашите работи со Librarian Pro

Во модерното доба и константната трка со времето, станува сè потешко да се излезе на крај со потребата за солидна организација и следење што на кого сте позајмиле.

Librarian Pro тежнее да ви помогне во таквата мисија така што ви дава можности за целосен преглед на вашите книги, стрипови, CD-а, DVD-а, електронски направи или нешто друго што би сакале да го вметнете во вашиот дигитален каталог.

Неретко, Librarian Pro се споредува со Delicious Library, уште едно исклучително квалитетно парче софтвер кое може да ви помогне во водење евиденција. И двата програми се одликуваат со кориснички интерфејс во форма на полици со книги, каде на дигитален простор јасно е прикажана вашата колекција од физички добра.

Сите работи можете да ги вметнете во Librarian Pro рачно така што ќе го внесете ISBN бројот или баркодот. Со овие податоци, Librarian Pro го пребарува интернетот и ве опсипува со релевантни податоци кои подоцна можете да ги вметнете во дигиталната библиотека. Програмот поддржува и употреба на USB скенер на баркодови. Постои опција и за користење на вашата Mac FaceTime камера, но многумина корисници не успеваат правилно да ја користат оваа опција.

Со Librarian Pro можете да следите и на кого сте дале нешто како и да вметнувате цени и трошоци за таквото нешто, што е одлично доколку сакате да започнете ваша приватна библиотека и да позајмувате ваши работи за одредена цена.

Librarian Pro е поевтин од неговиот ривал, но не е ни приближно добар како Delicious Library. Поради тоа, можеби и не е лошо да ги проверите можностите и на двата програма пред да решите финансиски да се посветите на некој од нив.

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top