0 коментари 1 мин. читање 27 септември, 2018

Apple I продаден за 375 000 долари на аукција

Анонимен бизнисмен плати 375 000 долари за Apple I компјутер кој сè уште функционира. Станува збор за еден од ретките Apple I компјутери што функционираат и денес, а ова секако е една од причините поради која уредот компјутерот достигна толку висока цена.

Apple I е првиот компјутер кој Стив Вознијак го изработи, а Стив Џобс започна да го продава. Иако според спецификациите значително послаб од следната генерација Apple II, компјутерот ја зацрта насоката во која во иднина ќе се развиваат персоналните компјутери, вели г. Вознијак за BBC.

Аукцијата на која се наддаваше за Apple I се одржа во Бостон во вторник, а купувачот својата понуда ја испратил онлајн. Apple I е продаден во околу 200 примероци, а сега постојат само уште 79. Најверојатно бројот на функционални уреди може да се изброи на прстите од една рака.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top