1 коментар 1 мин. читање

Третина од интернет корисниците се параноични за безбедност, вели Avira

Аvira праша 3.325 испитаници „Каде мислат дека се крие најголемата опасност од малициозен софтвер?“ на што:

  • 12.59 отсто одговориле дека игрите преку прелистувач се опасни
  • 22 отсто веруваат дека порно сајтовите се посебно опасни
  • 26.69 отсто велат дека пиратските, warez сајтови се многу опасни
  • 4.14 отсто велат дека големите портали се опасни бидејќи се популарни
  • 34.5 отсто велат дека кога се работи за безбедност, сите веб сајтови се еднакво небезбедни

Спроед Сорин Мустака, експерт од Avira, добро е да се знае дека една третина се свесни дека опасноста од малициозен софтвер може да се појави од секаде, но и дека е лошо да не се верува на сајтовите.

„Ова е општ приказ на нашето општество кога 1 од 3 луѓе не можат да веруваат на ниту еден од сајтовите кои ги посетуваат.“ вели тој.

Страв и паранојата е предизвик не само на корисниците да кликнат и истражат некој сервис, сајт… туку и за самите креатори на тој сервис и сајт за да го убедат корисникот дека нивниот сајт е безбеден. Поентата тука е пред се за сервиси кои користат мејлови, онлајн продавници и плаќање преку кредитни картички…

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top